11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости• Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ во врска со реализaција на проект – Изградба на атмосферска канализација и реконструкција на ул.„Моша Пијаде“

ИЗВЕСТУВАЊЕ во врска со реализaција на проект – Изградба на атмосферска канализација и реконструкција на ул.„Моша Пијаде“

Се известуваат граѓаните на Општина Куманово за текот на реализацијата на проектот на ул.”Моша Пијаде”, финансиран од страна на Светска банка преку Министерство за транспорт и врски на РСМ: Од петок (16.10.) па до крајот на следната недела, изведувачот ќе започне со подготовка за асфалтирање на ул.„Моша Пијаде“, на потег од крстосницата со кружен тек на ул.„3-та МУБ“ и ул.„Октомвриска Револуција“, до ул.“Пиринска Македонија“. Заради безбедно и несметано извршување на градежните работи, се замолуваат граѓаните да не ги паркираат своите возила, на посочените места, кадешто активно се изведуваат градежните активности.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email