Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Ги известуваме граѓаните на Општина Куманово дека, Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата изготви проектна документација Основен сообраќаен проект за поставување на заштитни столбчиња за разделување на пешачкиот и велосипедскиот од моторниот сообраќај на Булевар Октомвриска Револуција. Со позитивна ревизија на Основниот проект,по добиена Согласност за трајна измена на режим на сообраќај од СВР Куманово, изготвено е Решение за трајна измена на сообраќаен режим согласно Детален Урбанистички План за тој дел од општината.

На Булевар Октомвриска Револуција веќе е поставена вертикална сигнализација (сообраќајни знаци), а од 04.03.2019 година ќе започне и поставување на предвидениот број на столбчиња по целата должина на овој Булевар,од двете страни. Апелираме до граѓаните своите возила да не ги паркираат на тротоарите по цела должина на булеварот Октомвриска Револуција за да не бидат попречени активностите за поставување на столбчињата. За сите непрописно паркирани возила на самите тротоари во момент на поставување на столбчињата ќе биде побарано отстранување на непрописно паркираните возила од страна на СВР Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт