Сцената на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, вечерва ја разубавија распеани и разиграни деца, кои настапија на 5. издание, на традиционалниот музички фестивал, во организација на Асоцијацијата за култура и уметност “Мулти Арт”, во соработка со ТВ Плус – Куманово. Манифестацијата ја поддржаа Министерството за култура и туризам на РСМ и Општина Куманово. Публиката имаше можност да проследи 20 детски мелодии, со креативни кореографии, подготвени од повеќе балетски студија и фолклорен ансамбл: “Ултра”, “Динамик”, “Виртус”, “Fusion”, “Skill Factory” и “Срма”. Посебен и емотивен момент на јубилејот, беше премиерната изведба на химната на „Бисерчиња“, во интерпретација на Мартинијан Кириловски, Драгана Јовановска и фестивалскиот хор, испраќајќи силна порака за другарството, заедништвото и љубовта кон музиката.
.
