11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Одржан прв координативен состанок за унапредување на меѓуопштинската соработка во справувањето со кризни состојби

Одржан прв координативен состанок за унапредување на меѓуопштинската соработка во справувањето со кризни состојби

Денеска се одржа првиот координативен состанок во рамки на проектот „Меѓуопштински механизам за превенција, заштита и спасување при кризни состојби“.

Проектот ќе се реализира во партнерство помеѓу Општина Куманово, Општина Липково и Центарот за развој на Североисточниот плански регион (СИПР), во период од една година. Финансиската поддршка е обезбедена од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Бирото за регионален развој, во рамки на третиот повик за доделување грантови од проектот „Општините како двигатели на одржливиот развој“.

Во рамки на проектот, предвидено е обезбедување на 21 комплетна униформа за интервенции при шумски пожари и пожари на отворено, наменети за припадниците на Територијалната противпожарна единица – Куманово (ТППЕ Куманово) и Доброволното противпожарно друштво „Перо Чичо“. Дополнително, ќе бидат набавени 21 напртњачи и четири противпожарни црева, со цел унапредување на капацитетите за навремено и ефикасно справување со пожари.

Важен сегмент од проектот е и унапредувањето на дигитализацијата и безбедноста. Во таа насока, предвидено е изработување веб-страница за ТППЕ Куманово, обезбедување компјутерска опрема, како и поставување безбедносни камери за заштита на противпожарната опрема.

Проектните активности ги реализира Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР) при Општина Куманово.

Со реализацијата на проектот се очекува да се зајакне меѓуопштинската соработка, да се унапредат техничките и оперативните капацитети на противпожарните служби и да се придонесе кон поголема безбедност и отпорност на локалните заедници при справувањето со кризни состојби.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ