11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Годишен концерт на КУД “Српски вез” – Куманово

Годишен концерт на КУД “Српски вез” – Куманово

Традиционалниот годишен концерт на културно – уметничкото друштво, кое ја негува српската култура и идентитет во Македонија, симбол на заедништво и соработка со останатите етнички групи во регионот, се одржа вечерва во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, по тринаесетти пат.

На сцената настапија членови од повеќе фолклорни друштва, кои низ песна и игра се претставија пред многубројната публика: КУД “Дрина” – Аугзбург од Германија, фолклорен ансамбл на Културен центар Врбас од Србија и домаќинот КУД “Српски вез” со своите секции – eтно група, инструменталисти, школа за фолкор и група за почетници.

Манифестацијата е реализирана со поддршка на Општина Куманово, Министерството за односи меѓу заедниците на РС Македонија, Министерството за надворешни работи на Р Србија, Управата за соработка со дијаспората и србите во регионот, Министерството за култура на Р Србија и Амбасадата на Р Србија во РСМ.

На настанот со пригоден говор се обрати градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, истакнувајќи ја улогата и мисијата на фолклорните уметници во милтикултурната заедница.

Дел од публиката беа високи државни функционери од земјава и соседна Србија, членови на Советот на Општината и претставници од општинската администрација.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Детски ликовен камп “АСНОМ”– Куманово 2026