11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

“Пикник у Пелинце 2026”- Меѓународен музички фестивал

“Пикник у Пелинце 2026”- Меѓународен музички фестивал

Во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, денеска заврши дводневниот музички хепенинг (20-21 јуни 2026 година), во организација на Здружението за уметност и култура МЈУЗИК КОНЕКТИНГ ПИПЛ – Куманово.

Шесттото издание на фестивалот понуди богата содржина за сите возрасти. Пред многубројната публика од регионот и соседните земји, настапија домашни и странски музички артисти, кои ја презентираа современата музика и културните вредности.

Ѕвезда на фестивалот беше светски познатиот британски диџеј и продуцент Џејмс Забиела. Посетителите имаа можност да уживаат во чил – зоната со лејзи бегови и хамоци, камп – зона, друштвени и спортски активности, коктел – барови и богата гастрономска понуда.

Забава беше организирана и за најмалите посетители во кидс – зоната, каде беа реализирани едукативни и сензорни работилници, како и интерактивни игри, со цел да поттикнуваат кај децата креативност, развивајќи чувство за безбедна и забавна средина.

“Пикник у Пелинце” е една од најпосетените летни забавни атракции во последните години, во Североисточниот регион. Секоја година фестивалот е посетен од 2000 – 4000 гости од Македонија и соседните држави.

Дел од публиката беа претставници од општинската администрација и членови на Советот на Општината.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Детски ликовен камп “АСНОМ”– Куманово 2026