Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска имаше прием на претставници од факултетот во Цирих, во рамки на проектот SUDECU (Sustainable democratic culture).
Делегацијата од Швајцарија ја сочинуваат 13 ученици и нивни ментори, кои имаат за цел да се запознаат со Куманово, локалната заедница и активностите реализирани во рамки на програмата.
Организацијата ИноМлади беше дел од проектните активности на SUDECU, програма поддржана од PHZH, International Projects in Education (Интернационален проект за едукација), а финансирана од Кантон Цирих.
Невладината организација ИноМлади (Ino Youth) е основана во 2021 год., во Куманово и посветена е на иновативни решенија за зачувување на природата, активно е вклучена во борбата против загадувањето и претставува поддршка на младата популација.