Пригодно одбележан јубилејот 35 години независна МакедонијаНа градскиот плоштад во Куманово, денеска со пригоден културно – уметнички настан беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на РС Македонија, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, со поддршка на Општината.Во знак на почит и благодарност кон жртвите кои паднаа пред олтарот на слободата, пред споменикот Жена борец, свежо цвеќе положија бројни делегации: градоначалникот Максим Димитриевски ја предводеше делегацијата од Општина Куманово, пред споменикот се поклонија и претседателката Ивана Ѓорѓиевска и членови на Советот на Општината, претставници од Сојузот на борци од НОБ и антифашистичката војна на Македонија – Општински одбор Куманово, ЗАПВАРС, Армија на РСМ, СВР – Куманово, претставници од Собранието и Владата на РСМ, делегации од општинските и основни и средни училишта, јавни претпријатија и установи, институции, здруженија на граѓани, невладини организации, политички партии и др.Пред присутните, со празничен говор се обрати градоначалникот Димитриевски, по што следуваа пригодни содржини посветени на 35 годишниот јубилеј од независноста на Македонија.