11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Детски ликовен камп “АСНОМ”– Куманово 2026

Детски ликовен камп “АСНОМ”– Куманово 2026

Традиционалната манифестација Детски ликовен камп “АСНОМ” – Куманово 2026, (22 -24 јуни 2026 год.), под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, започна денеска во ресторан Грација.

На 16 -тото издание на ликовната колонија ќе творат 30 ученици од општинските основни училишта, селектирани од наставниците по ликовна уметност, од матичните образовни институции, заедно со корисниците на услугите од “Дневен центар” и “Порака наша”.

Во текот на тридневните активности, учесниците ќе изработуваат дела во повеќе техники: сликарство, графика – монотипија и декорација на керамички садови, под менторско водство на ликовните педагози Симона Јакимовска и Елена Спасовска Радошевиќ, ангажирани од страна на Фондацијата за култура и спорт Куманово.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email