11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Димитриевски на работна средба со претставници на кинеска компанија за можности за инвестирање

Димитриевски на работна средба со претставници на кинеска компанија за можности за инвестирање

Градоначалникот на Општина Куманово, во придружба на секретарот и претседателката на Советот, оствари работна средба со претставници на кинеската компанија „China Shandong International Economic & Technical Cooperation Group Ltd. На средбата се разговараше за можностите за воспоставување деловна соработка и реализација на идни инвестициски проекти во Куманово, со посебен акцент на индустриската зона Новини и Речица.

На средбата беа разменети мислења и информации за инвестицискиот потенцијал на Општината, можностите што ги нуди индустриската зона, како и условите за реализација на идни активности и вложувања од страна на кинеската компанија.

Дел од кинеската делегација беа: Gao Jichao – генерален директор на Сектор за маркетинг, Shao Xu – деловен менаџер во Сектор за маркетинг, Ma Tongyue – секретар во Канцеларија за економски и трговски работи при Амбасада на НР Кина и Chen Yushan – директор на адвокатска канцеларија „Gemchen“ од Кина.

Општина Куманово останува отворена за соработка со домашни и странски инвеститори, со цел привлекување нови инвестиции, отворање работни места, поттикнување на локален економски развој и создавање поволни услови за деловно работење.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email