На 15 мај 2026 година (петок) во кружната сала на зграда на поранешни општествено – политички организации со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи десеттата седница на Советот на Општина Куманово, по следниов:
Дневен ред
- Годишен Извештај за настани и манифестации на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2025 година;
- Предлог – Решение за давање мислење на Oдлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Јероним Де Рада“ – Куманово;
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта во Општина Куманово за 2026 година;
- Предлог – План за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2026;
- Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2026 година;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2026 година;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активности од областа на заштита на животната средина и природата на Општина Куманово за 2026 година;
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година;
- Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Б. С. Гојчо“, дел од УБ 45, плански опфат помеѓу: ул. „Иго Тричковиќ“, ул. „Егејска Македонија“, пристапна улица, КП 20313, пешачка патека, ул. „Моша Пијаде“, КП 20297, ул. „3-та МУБ“, Општина Куманово ;
- Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, плански опфат помеѓу: ул.„1”, ул.„ЈНА“, ул.„2“, кп16793, ул.„3“ кп16369/2 – Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ „11-ти Октомври“, дел од УБ 39, плански опфат помеѓу: ул.„Доне Божинов”, ул.„Октомвриска Револуција“ ул.„Братство Единство“, Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за исправка во Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „1“ и дел од УБ 23-б, плански опфат помеѓу: граница на УЕ, регионален пат Р1204, ул.„3-та МУБ, граница на наменска зона по ГУП – Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2026 година.