11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Доделени наградите за најдобра литературна творба во чест на 11 Ноември

Доделени наградите за најдобра литературна творба во чест на 11 Ноември

Во организација на Здружението на друштво на писатели Куманово, беа доделени наградите на учесниците на литературниот конкурс за традиционалната манифестација “11 Ноември”, вечерва во Занаетчиски дом. Стручната комисија на здружението на писателите ги награди најкреативните естетски поетски и прозни дела, во конкуренција од 80 литературни творби, пристигнати од учениците на кумановските основни и средни училишта, како и од други градови од земјава, кои добија благодарници и признанија за нивниот исклучителен придонес и ангажман во областа на книжевноста. Пред публиката на свечената празнична манифестација, збогатена со културно – уметничка програма, настапија талентираните ученици со наградените литературни творби, под водство на нивните посветени ментори. Настанот е реализиран со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Соопштение