11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Куманово домаќин на интернационален турнир за ветерани во ватерполо

Куманово домаќин на интернационален турнир за ветерани во ватерполо

Денеска на градскиот базен во Куманово свечено беше отворен 3 – тиот интернационален турнир за ветерани во ватерполо, кој се организира по повод одбележување на Денот на ослободување на Куманово, 11 ноември. Организатор на настанот е МКД “Мастерс”, македонска ветеранска ватерполо екипа, која со посветеност придонесува за промоција и развој на ватерполо спортот, како и за создавање нови спортски пријателства.

На турнирот учествуваат 16 екипи од 12 земји, со што Куманово уште еднаш потврдува дека е град кој ги негува спортот, пријателството и меѓународната соработка. Покрај екипите од земјите на поранешна Југославија, со исклучок на Словенија, учество земаат и ватерполисти од Бугарија, Романија, Турција, Унгарија и Словачка.

Интернационалниот турнир го отвори Андреја Маџовски, директор на ЈП “Куманово паркинг”, кој потенцираше дека овој спортски настан претставува одлична можност за промоција на Куманово како град на спортот и спортскиот дух, но и потврда дека љубовта кон спортот, пријателството и натпреварувачкиот дух не познаваат возрасни граници.

Утре се предвидени полуфиналните и финалните натпревари, како и детски ватерполо турнир, на кој ќе настапат четири екипи од Македонија и Србија.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Известување
Соопштенија
Известување