11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Завршна манифестација на “Детска ликовна колонија Пчиња 2026”

Завршна манифестација на “Детска ликовна колонија Пчиња 2026”

Петтото издание на традиционалната културно – уметничка манифестација, во организација на Хуманитарното здружение “Мајка” – Куманово, со поддршка на Општината, заврши денеска, во Туристичко информативен центар (поранешен задружен дом) во с.Пчиња. Посетителите на ликовниот камп имаа можност да ги разгледаат уметничките дела на тема: “Убавините на реката Пчиња и Бислимската Клисура”, изработени во разни ликовни техники.

Во активностите на колонијата учествуваа 22 ученици од 10 општински основни училишта, кои твореа под водство на своите наставници/ментори. На завршната манифестација беа поделени награди и дипломи за првопласираните три места и благодарници за сите учесници на овогодинешната ликовна колонија. Пред присутните се обрати претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, истакнувајќи ја позитивната енергија на младите ликовни творци и трудот на нивните наставници, во присуство на општинската администрација и претставници од образовните институции.

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ
СоопштенијаНовости
ИЗВЕСТУВАЊЕ