11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Соопштенија

Известување за подрачно училиште во с.Тромеѓа

Известување за подрачно училиште во с.Тромеѓа

Почитувани,

Најодговорно ги отфрламе сите шпекулации и невистинити информации што се споделуваат во јавноста,во врска со наводното затворање на подрачното училиште на ООУ ,,Христијан Карпош” во с.Тромеѓа

Сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор за дезинформации без никаква основа,кои создадоа непотребна загриженост кај наставниот кадар,учениците и родителите.Бараме одговорно делување на граѓаните,кои споделуваат ваков вид информации и непроверени тврдења ,што наидуваат на негодување во јавноста.

Интензивно работиме за изнаоѓање решение,во време кога секаде во државата има намален број на ученици во руралните средини,а притоа следејќи го и процесот на оптимизација во основното образование,што е во тек во Македонија.

Општина Куманово останува посветена во обезбедување квалитетни и соодтветни услови за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес во урбани и рурални средини.Само со отворена комуникација,меѓусебна доверба и соработка со граѓаните ќе успееме да ги сочуваме образовните капацитети,обезбедувајќи реални услови за образование за сите.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ
СоопштенијаНовости
ИЗВЕСТУВАЊЕ