Во организација на Театарот “Ултра” – Куманово, започна третото издание на меѓународниот фестивал на драмска претстава, вечерва во НУЦК “Трајко Прокопиев”- Куманово, со поддршка на Општина Куманово и други општествено одговорни институции и приватни компании.На свеченото отворање публиката имаше можност да ја проследи претставата на албански јазик “Носорози” од Ежен Јонеско, а до крајот на манифестацијата (31.08. – 05.09.2026 год.) љубителите на драмската уметност, ќе имааат можност да проследат уште пет театарски изведби. На сцената ќе се претстават театарски трупи од Македонија, Србија, Бугарија, Косово и Албанија.Кумановското театарско здружение “Ултра” е дел од скопскиот театар на албански јазик, кое се залага за афирмација и зајакнување на меѓуинституционалната соработка и поддршка на културните иницијативи, меѓу земјите од регионот. На настанот присуствуваа претставници од општинската администрација.




