11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

“Идеали што градат иднина”- чествување на националниот празник 11 Октомври во Куманово

“Идеали што градат иднина”- чествување на националниот празник 11 Октомври во Куманово

Со пригодна манифестација на Спомен Костурница во Куманово, денеска беше одбележан националниот празник, Ден на востанието на македонскиот народ и ден на борецот – 11 Октомври, во организација на Владата на РСМ.
Пред споменикот на хероите, чии животи згаснаа во текот на Народноослободителната војна (1941-1944), во знак на почит и благодарност, бројни делегации положија свежо цвеќе: делегација на Сојуз на борци – Општински одбор Куманово, делегација од Општина Куманово, предводена од градоначалникот Максим Димитриевски, делегација од Советот на Општината, предводена од претседателката Ивана Ѓорѓиевска, претставници од ЗАПВАРС, високи државни функционери,  делагации од Собранието и Владата на РСМ, од Армијата на РСМ, претставници од верските заедници, од дипломатскиот кор, делегација МВР – СВР Куманово, претставници од јавни претпријатија и установи, општински основни и средни училишта, граѓански здруженија и организации, политички партии и др.
Пред присутните со празничен говор се обрати претседателот на Владата на РСМ, Христијан Мицкоски, по што следуваше пригодна културно – уметничка програма.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email