11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Празнична презентација на воена опрема и возила во Куманово

Празнична презентација на воена опрема и возила во Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска ја посети презентацијата на материјално технички средства – Тактичко технички збор (ТТЗ), на градскиот плоштад, во придружба на претседателката на Советот на Општината, високи функционери од Владата и Собранието на РСМ, претставници од Генералштабот на Армијата на РСМ и од општинската администрација. Традиционалната воена манифестација, се одржува во чест на Денот на востанието на македонскиот народ и ден на борецот – 11 Октомври. Посетителите имаа можност да се запознаат со дел од опремата и вооружувањето на Армијата: лесни оклопни возила, STRYKER и JLTV, воено полициска опрема, алпинистичка и нуркачка опрема, современо пешадиско вооружување и друго. Настанот е во организација на Армијата на РС Македонија, со поддршка на Општина Куманово.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email