ЈП „Чистота и зеленило“ во соработка со Општина Куманово организира масовна акција за чистење и уредување на православните градски гробишта во Куманово. Акцијата ќе се спроведе на 21.08., 22.08. и 23.08. 2026 година, во период од 07:00 до 14:00 часот.
Ги повикуваме сите граѓани кои имаат свои гробни места, да се приклучат масовно на акцијата и со заеднички ангажман да придонесеме кон успешно реализирање на истата и уредување на просторот.
Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ ќе бидат задолжени за стазите за пешачење, просторот околу гробните парцели и заедничките површини, со ангажирање на сите расположливи ресурси, работна сила и механизација.
Само со заедничко учество можеме да придонесеме гробиштата да бидат чисти, уредни и достоинствени. Ова нека биде заеднички чин на почит, одговорност и љубов кон нашите најблиски.