Од страна на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат, градежна инспекција при Општината Куманово, поведена е инспекциска постапка за отстранување на времени објекти поставени на КП 14229/1 и КП 14204/1 КО Куманово на локалитет Табакана кој се наоѓа помеѓу улици: Октомвриска Револуција, Пионерска и Фетка Наскова, Куманово.
Се повикуваат сите сопственици на овие времени објекти кои не добиле записник и решение за отстранување на времени објекти од страна на овластениот градежен инспектор на Општина Куманово, да дојдат во просториите на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат Општина Куманово, (канцеларија број 13 и канцеларија број 16 на улица Братство Единство број 18, Куманово до 31 Август 2026 година во период од 09:00 до 15:00 часот) и да достават доказ за сопственост на времен објект поставен во локалитет Табакана и лична карта на сопственик на времен објект.
Доколку странката не ги донесе бараните документи во горенаведениот рок, ќе се смета дека се уредно поканети, а негативните последици кои можат да настанат ќе ги сноси самата странка-сопственик на времени објекти.
Од 01 Септември 2026 година за сите времени објекти со непознат сопственик ќе се поведе инспекциска постапка за отстранување на времени објекти од локалитет Табакана на НН лица