Општина Куманово ги известува граѓаните што живеат на улица ,,Бајрам Шабани” дека од ден 18.05.2026г. на дел од улица ,,Бајрам Шабани” на потег од бул.3та МУБ до улица ,,Пчински пат” ќе започнат градежни активности за реализација на проект за реконструкција на коловозна конструкција со тротоари. Се замолуваат граѓаните за разбирање и трпение за време на одвивањето на сообраќајот и изведбата на работите.