Општина Куманово ги известува граѓаните дека од ден 18.05.2026г. на дел од улица ,,11 Октомври” на потег од улица „Гоце Делчев” до улица „4 Јули” , ќе започнат градежни активности за реализација на проект за реконструкција на водоводна мрежа. Се апелира до граѓаните да бидат внимателни, трпеливи и да имаат разбирање за време на изведувањето на градежните работи и одвивањето на сообраќајот.