Општина Куманово ги известува граѓаните, кои претрпеле штета по обилните врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден (01.07.2026 година), да поднесат Барање до комисија за процена на вредност на штета од природни несреќи и други непогоди, во архива на Општина Куманово, најдоцна до 10.07.2026 година (петок).
Во прилог на Барањето, потребно е да се достави следнава документација :
– Копија од личен документ (лична карта) за физички лица или решение (или тековна состојба од регистрација во Централен регистар) за правни субјекти, сопственици на имотот;
– Копија од имотен лист за објекти, кои имаат претрпено оштетување од поплави;
– Копија од трансакциска сметка на сопственик.
Доколку пропратната документација не биде доставена во прилог при поднесување на Барањето, претставниците од комисијата ќе ги информираат барателите за дополна на истото, при увид на лице место.