Се известуваат граѓаните на Општина Куманово дека на ден 03.07.2026 година (петок), во раните утрински часови, со почеток во 05:00 часот, на територијата на oпштината ќе се изврши авионско прскање против комарци.
Третманот ќе се изврши на површина од 1270 хектари, а ќе бидат опфатени следниве локации: течение на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месна заедница Бабин Дол, месна заедница Гоце Делчев, месна заедница Тоде Мендол, централно градско подрачје и прочистителна станица JП„Водовод“ – с.Добрашане. При извршување на авионското прскање, ќе се користи препаратот Aqua Perm-X 30-30.
Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Доколку временските услови се неповолни за вршењето на третманот, истиот ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.