Денеска од страна на Отсек за превенција – СВР Куманово во соработка со Општински совет за превенција на детско престапништво при Општина Куманово е спроведена кампања за безбеден сообраќај и јавен превоз на патници и ученици.
Кампањата е насочена кон сите фирми, кои вршат автобуски јавен превоз на патници и неопходноста од технички исправни возила.
Се упатува апел до сите возачи на автобуси, сопственици и сите и други кои вршат јавен меѓуградски, меѓуопшински и превоз на ученици, за најсериозно однесување и навреме отстранување на најмал дефект, како и редовен технички преглед на секои 6 месеци.
Се апелира и до возачи на автобуси, сопственици, кои вршат меѓународен превоз на патници, пред секое поаѓање да направат детален преглед на автобуси за да се обезбеди и осигура безбедноста на патниците.
За секој настанат дефект како последица од технички неисправни возила, со кои се загрозува животот на патниците, ќе се превземаат најостри законски санкции против возачите и сопствениците, како правни лица.
Целта е безбедно движење во сообраќајот и безбедноста на патниците, кои се превезуваат со кумановските компании.