11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Кампања за безбеден такси превоз на патници

Кампања за безбеден такси превоз на патници

Отсек за превенција – СВР Куманово во соработка со инспекторот по сообраќај од Општина Куманово, денеска спроведе кампања за безбеден сообраќај и јавен превоз на патници од страна на такси превозници.
Кампањата е насочена кон сите фирми – такси превозници, кои вршат јавен превоз на патници. Бидејќи се вклучени во јавен сообраќај, нивна законска обврска е да имаат извод од лиценца за работа и извршен технички преглед на секои 6 месеци.
Се упатува апел до сите такси превозници, кои вршат јавен превоз на патници, за најсериозно однесување и почитување на законски предвидените обврски. Во спротивно ќе се превземаат мерки од Закон за превоз на патници во патниот сообраќај.
Целта е безбедно движење во сообраќајот и безбедноста на патниците, кои се превезуваат со такси компаниите од Куманово.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email