Во рамки на манифестацијата “КуманиУМ” на 17.10. (сабота), со почеток во 11 часот, на платото пред НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, најмалите ќе имаат можност да другаруваат и да се забавуват со Дарко Ѓурчиновски во Comedy kids show и “Кидос” – маскоти на омилените јунаци од детски цртани филмови.
Фестивалот “Art Attack”ќе започне на 17.10. (сабота), во 20 часот, со stand up comedy – “За македонските работи”, со настап на актерот Марјан Георгиевски, во Занаетчиски дом.
Вториот фестивалски дел “Најдобриот непријател” – претстава за деца, ќе се одржи на 20.10. во Занаетчиски дом, во 12 часот.
Настаните ќе се реализираат под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово.