11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 10.10.2026 година (сабота)

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 10.10.2026 година (сабота)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, во врска со актуелната состојба на депонијата ,,Краста‘’. На состанокот беа присутни претставници од ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово, ТППЕ Куманово, ЈП „Водовод“ – Куманово, ДЗС Куманово, РЦУК Куманово, МВР-СВР Куманово, Државен инспекторат за животна средина, Центар за јавно здравје – Куманово, ЈЗУ Општа Болница – Куманово, Основно јавно обвнинителство – Куманово, општинска администрација, членови на ОШЗС и претседателка на Совет на Општина Куманово.

На состанокот присутните ја разгледаа единствената точка за состојбата на депонијата ,,Краста‘’, при што Штабот ги донесе следниве заклучоци:

Сите институции во рамки на сопствените надлежности и во взаемна координација, да ги превземат сите законски мерки за деблокирањето на депонијата “Краста”, заради непречено одлагање на сметот од градот;

МВР – СВР Куманово да се отповика на барањето на ЈП „Чистота и зеленило“ за координираност и отворање на коридор на депонијата ,,Краста‘’, за депонирање на отпад;

Центар за јавно здравје – Куманово да изготви информација за актуелната состојба и насоки за превентивно делување на Штабот во делот на спречување на евентуалните последици што би можеле да настанат од нередовното собирање и депонирање на сметот на територија на општина Куманово;

Веднаш со континуирано и константно присуство на градежна механизација, да се врши третирање на депонираниот смет заедно со земја од страна на ЈП „Чистота и зеленило“;

На дневна основа да се врши дотур на градежен материјал (земја и несогорлив шут при ископ од страна на општествено одговорни компании) и истиот да се разастира над површината на дневно донесениот смет од ЈП „Чистота и еленило“;

Дополнително да се постави одрреден број на камери за видео мониторинг на депонијата, кои ќе покриваат влез, излез и пристап на депонија „Краста“, бидејќи веќе поставените се во недоволен број; 
Да се постават термовизиони камери преку кои ќе се врши дополнителен мониторинг на депонијата;

Дополнително да се зајакнат стражарски служби и физичко обезбедување на депонијата, за да се спречи влез на неовластени лица;

Да се санираат делови од уништена заштитна ограда околу депонијата и на делови каде што нема ограда, да се постави нова;

Се задолжува директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово, во соработка со месното население, да формира мониторинг група (еко патрола) во состав од претставници на месните заедници и невладини организации во с.Пчиња, с.Студена Бара, с.Вак’в и с. Винце, која во соработка со претставници на јавното претпријатие, ќе врши неделен мониторинг на состојбата на депонија “Краста“.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ