11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

”Мали, но големи пејачи” – празнична музичка манифестација за деца

”Мали, но големи пејачи” – празнична музичка манифестација за деца

Разиграни и распеани мали изведувачи, вечерва ја забавуваа многубројната публика во Занаетчиски дом, со интерпретација на познати детски хитови и популарни музички рефрени за сите генерации, во придружба на танчери од повеќе балетски студија од градот. Манифестацијата е во чест на претстојниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, во организација на Асоцијацијата за култура и уметност – “МУЛТИ АРТ” – Куманово, со поддршка на Општината, посветена на детскиот талент, креативноста и љубовта кон татковината. “Мали, но големи пејачи” е традиционален концерт, чие овогодишно премиерно издание, се одржа на 16 мај 2026 година, во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово. Вториот концерт е закажан на 18 ноември!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email