Општина Куманово во рамките на проектот „Заедници со интегритет“ финансиран од владите на Швајцарија и Шведска, а спроведуван од Националниот демократски институт (NDI), ќе организира три буџетски форуми во Занаетчиски дом.
Првиот форум ќе биде на 28.10.2026 година во 12:00 часот, вториот форум на 30.10.2026 во 12:00 часот и третиот на 03.11.2026 година во 12:00 часот. Граѓаните ќе имаат можност на првите два форума да учествуваат со свои предлози и идеи за креирање на буџет на Општина Куманово за 2027 година, а на третиот форум ќе се врши финална селекција и рангирање на предлозите.
Ги повикуваме граѓаните да присуствуваат на форумите, да учествуваат со свои предлози, потреби и забелешки, во областа на економија, инфраструктура, образование, социјална заштита, животна средина, култура и спорт. Целта на форумите е активно вклучување и учество на граѓаните во креирање на буџетот на општината.