Со општонародна веселба во манастирскиот комплекс во с.Скачковце, денеска се одбележа славата Света Троица.
На народниот собир присуствуваше градоначалникот на Општина Куманово, кој оваа година е кум на манастирската слава.
Верниците присуствуваа на богослужба, со која чиноначалствуваше митрополит Кумановско – осоговски, Неговото Високо правосвештенство, г.Григориј (Настески), продолжувајќи со литија и народно оро, кое го увеличаа членови на фолклорни ансамбли, во чест на христијанската слава, симбол на традицијата, сплотеноста и хуманоста меѓу граѓаните во заедницата.






