Граѓаните на Општина Куманово се известуваат за активностите во врска со реализaцијата на проектот – Изградба на атмосферска канализација и реконструкција на ул. „Моша Пијаде“.
Во претстојниот период ќе се отстрануваат постојаната асфалтна конструкција и ивичниците по целата ширина и скоро цела должина на улицата. Пристапот на возила ќе биде отежнат, се до обезбедување на услови за повторен проток на сообраќајот. Оваа процедура е неопходна заради намалување на безбедноста при движење на граѓаните и возилата, како и заради безбедно и несметано извршување на градежните работи.
Затоа упатуваме апел и молба до граѓаните, да не ги паркираат своите возила во непосредна близина на местата, кадешто активно се изведуваат градежните работи.
Проектот е финансиран од страна на Светската банка преку Министерството за транспорт на РС Македонија.