11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Соопштенија

Оглас за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово

Оглас за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КУМАНОВО ГО ОБЈАВУВА  СЛЕДНИОТ

О  Г  Л  А  С
ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КУМАНОВО
 за следните линии:

1.ПРОЕВЦЕ – ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА (од с.Проевце, ул.Б.Б.Гуцман, бул.Октомвриска Револуција, ул.Доне Божинов, ул.Гоце Делчев, бул.3-та МУБ, ул.11-ти Октомври, ул.Индустриска, ул.807 Железничка Станица)

2.ГОРНО КОЈНАРЕ – ДОЛНО КОЈНАРЕ – КУМАНОВО (пат за с.Горно Којнаре,Р 1104, Киро Бурназ, ул.Никола Тесла, Автобуска Станица, ул.Доне Божинов, ул Гоце Делчев, бул.3-та МУБ, ул.11-ти Октомври, ул.Индустриска, ул.11-ти Ноември, ФЗЦII)

3.с.ДОБРАШАНЕ – ЗЕЛЕН РИД – ИНДУСТРИСКА (с.Добрашане, Р-1204 петелка за Шупли Камен, бул.3-та МУБ, ул.В.С.Бато, ул.АВНОЈ, ул.Тоде Думба, ул.Народна Револуција, бул.3-та МУБ, ул.Гоце Делчев, ул.11-ти Октомври, , ул.Индустриска)

4.ЛИВАДЕ с.КАРПОШ – ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА (ул.100, Никуљски пат, ул.Доне Божинов, ул.Гоце Делчев, бул.3-та МУБ, ул.11-ти Октомври, ул.Железничка, ул.Индустриска)

5.с.РЕЖАНОВЦЕ – КУМАНОВО (пат од с.Режановце, ул.11-ти Ноември, ул.11-ти Октомври, бул.3-та МУБ, ул.Гоце Делчев, ул Доне Божинов до Автобуска станица)

6.КУМАНОВО – БЕДИЊЕ – с.ЛОПАТЕ (Автобуска Станица, ул.ДонеБожинов, ул.Гоце Делчев, бул.3-та МУБ, ул.11-ти Октомври, ул.11-ти Ноември, пат за с.Лопате)

8.ЧЕРКЕЗИ – КУМАНОВО (пруга во с.Черкези, Р-1104, ул.Индустриска, ул.11-ти Ноември, ул.11-ти Октомври, бул.3-та МУБ, ул.Гоце Делчев, ул.11-ти Октомври, ул. Сава Ковачевиќ, бул.3-та МУБ, ул. 11-ти Октомври)

9.с.БИЉАНОВЦЕ – ПОЖАРНА (с.Биљановце, Биљановски пат, ул.Народна Револуција, бул.3-та МУБ, ул.Сава Ковачевиќ, ул.11-ти Октомври)

10.с.УМИН ДОЛ – с.НОВО СЕЛО – с.ЉУБОДРАГ – КУМАНОВО (Р-1104, ул.11-ти Октомври, бул.3-та МУБ, ул.Гоце Делчев, ул.Доне Божинов, Автобуска Станица)

12.КУМАНОВО – с.РЕЧИЦА (Автобуска Станица, Доне Божинов, ул.11-ти Октомври, бул.3-та МУБ, ул Гоце Делчев, ул.Никола Тесла, пат за с.Речица)

13.АВТОБУСКА СТАНИЦА – с.ОРАШАЦ – с.СКАЧКОВЦЕ – с.НОВОСЕЉАНЕ – с.КОСМАТАЦ – с.МУРГАШ – с.КУЧКАРЕВО – с.ГАБРЕШ – ГРАДИШТЕ – с.ПЕЗОВО – с.КШАЊЕ – с.КОКОШИЊЕ (ул.Доне Божинов, ул.Гоце Делчев, бул.3-та МУБ, Р-1204, пат за с.Орашац, пат за Скачковце, пат за с.Новосељане, пат за с.Косматац, пат за с.Мургаш, пат за с.Кучкарево, пат за с.Габреш, пат за с.Градиште, пат за с.Пезово, пат за с.Кшање, пат за с.Кокошиње)

15.КУМАНОВО – ТАБАНОВЦЕ – КАРАБИЧАНЕ – С.СОПОТ (Автобуска Станица, ул.Доне Божинов, ул.Никола Тесла, Р-1104, пат до с.Сопот)

16.КУМАНОВО – ЧЕТИРЦЕ – ТАБАНОВЦЕ (СЛАНИШТЕ) (Автобуска Станица, ул.Доне Божинов, ул.Никола Тесла, Р -1104, пат за с.Четирце, пат за с.Табановце, Сланиште)

17.КУМАНОВО – с.ПЧИЊА – с.ВАКВ – с.ПЧИЊА – с.СТУДЕНА БАРА (Автобуска Станица, ул.Доне Божинов, ул.11-ти Октомври, бул.3-та МУБ, ул.Народна Револуција, пат за с.Пчиња, пат за с.Вакв, пат за с.Пчиња, пат за с.Студена Бара)

18.КУМАНОВО – КОСТУРНИК (Автобуска Станица, ул.Доне Божинов, ул.11-ти Октомври, Автопат Куманово-Белград, Живинарска Фарма, пат за Костурник)

и за следните пакети на линии:

Пакет 1

11.РОМАНОВЦЕ – КУМАНОВО (пат за с.Романовце, ул.Тоде Мендол, ул. Благој Илиев Гуне, бул.3-та МУБ, ул.Гоце Делчев, ул.11-ти Октомври, ул 11-ти Ноември, ул.Индустриска, с.Бедиње) и

19.БАЈРАМ ШАБАНИ – БЕДИЊЕ (ул.Бајрам Шабани, ул.Гоце Делчев, ул.11-ти Октомври, ул.11-ти Ноември, ФЗЦ).

Пакет 2

7.БЕДИЊЕ – с.ТРОМЕЃА (ул.Индустриска, ул.11-ти Октомври, бул.3-та МУБ, ул.Гоце Делчев, ул.Доне Божинов, бул.Октомвриска Револуција, ул.Ѓорче Петров, ул.Михајло Пупин, ул.Веселин Маслеша, Р-1204, пат за с.Тромеѓа) и

14.КУМАНОВО – ШУПЛИ КАМЕН (Автобуска Станица, ул.Октомвриска Револуција, ул.Бранко Богдански Гуцман, ул.3-та МУБ, Р-1204, пат за Шупли Камен).

Градоначалникот на Општина Куманово, согласно член 22 став 1 од Закон за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16, 71/16, 64/18, 140/18 и 163/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 67/22, 170/24, 3/25, 17/25, 101/25 и 223/26), член 5 став 1 точка 5, член 14 став 2 алинеа 4 и член 24 став 1 алинеа 4 од Законот за комуналните дејности („Службен весник на Република Македонија“ број 95/12, 163/13, 42/14, 44/15, 147/15, 31/16 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 302/20, 255/24, 3/25, 17/25 и 223/26), членовите 43, 44, 45, 46, 47 и 48 од Закон за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24, 193/25 и 96/26) и Одлука за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.14/2026), објавува Оглас за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, за одобрување на линии и возни редови за општински превоз на патници за период 2027/2031 година.

Пријавите за одобрување на линиите и возните редови се поднесуваат до Комисија за спроведување на постапка за избор на превозници за општински линиски превоз на патници на подрачје на Општина Куманово врз основа на Дозвола при Општина Куманово најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на огласот, односно до 03.12.2026 год. до 12 часот, во затворен плик во архивата на Општина Куманово.

Пријавата треба да ги содржи следните податоци:

-Полн назив, седиште и адреса на превозникот;

-Матичен и даночен број на превозникот;

-Назначување на линијата или пакет на линии на кои превозникот бара да учествува во реализацијата на единствениот возен ред;

-телефон за контакт.

Услови кои треба да ги исполни превозникот за одобрување на возните редови и линиите се:

  • Да има капацитет доволен број на автобуси и комби возила потребни за вршење на превоз на патници за линија односно пакет на линии за коишто поднесува понуда, согласно единствена мрежа на линии опфатени во член 3 и член 3 – а од Одлука за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.14/2026), со минимум ЕУРО 4 еколошки стандард;
  • Да имаат автобуси пристапни за лица со посебни потреби;
  • Вршењето на општински линиски превоз на патници согласно член 17 и член 18 од Одлука за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.14/2026), со минимум ЕУРО 4 еколошки стандард:
  • за линиите со реден број 3, 4 и 7 да биде со минимум 3 автобуси и 1 комби возило;
  • за линиите со реден број 1, 2, 6, 8, 9, 10, 11 и 17 да биде со минимум 2 автобуси;
  • за линијата со реден број 13 да биде со минимум 3 комби возила со најмалку 20 седишта;
  • за линиите со реден број 5, 12, 15, 16, 18 и 19 да биде со минимум 2 комби возила со најмалку 20 седишта;
  • за линијата со реден број 14 да биде со минимум 2 комби возила со најмалку 9 седишта;
  • Да има сопствен паркинг или договор за закуп за времетраење на дозволите за општински линиски превоз на патници;
  • Доказ дека е впишан во Централниот регистар на РСМ со регистрирано седиште на територија на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници во патниот сообраќај, не постар од 6 месеци;
  • Копие од Лиценца за општински линиски превоз на патници;
  • Копие од извод од лиценца за општински линиски превоз на патници за секое возило;
  • Бонитет или Извештај за биланс на состојба и биланс на успех на превозникот издадени од Централен Регистар на РСМ;
  • Копии од сообраќајни дозволи на возилата регистрирани на име на фирмата заверени на нотар, или копија од договор за финансиски лизинг заверен на нотар со список на возилата регистрирани пред отварање на понудата;
  • Потврда за исполнетост на посебните техничко-експлоатациони услови за моторните возила наменети за вршење на Општински линиски превоз на патници, издадена од станиците за технички преглед на моторните возила;
  • Да има вработено во работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила минимум еден возач по моторно возило (автобуси и комбиња);
  • Копии од обрасците М1/М2 и список на возачи за секое возило пријавени пред отварање на понудата и список на вработени по обврзник од Фондот на ПИОМ не постар од 60 дена;
  • Копии од возачки дозволи;
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци;
  • Потврда дека жиро сметката не е блокирана;
  • Потврда дека не е во стечај;
  • Потврда дека не е во ликвидација;
  • Потврда дека не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • Потврда дека не е изречена прекршочна санкција привремена забрана за вршење одделна дејност;
  • Потврда дека не е впишана споредна казна одземање на дозвола;
  • Потврда од Фондот на ПИОМ за платени придонеси не постари од 60 дена;
  • Потврда за платени придонеси и други давачки (УЈП).

За секоја линија или за секој пакет на линии се поднесува поединечна понуда.

Право на учество на огласот имаат понудувачите кои во моментот на доставување на понудата имаат важечка лиценца и изводи од лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници. Објавениот оглас за одобрување на линии и возни редови за општински линиски превоз на патници е за период 2027/2031 година, па од таа причина потребно е наведените лиценци да се обноват, односно превозникот е должен, согласно законот за превоз во патниот сообраќај, пред истекот на важноста на лиценцата да достави барање за нејзино обновување. Доколку наведените лиценци и изводи од лиценци не бидат обновени, договорот кој ќе биде склучен помеѓу Општина Куманово и избраниот превозник ќе се смета за раскинат.

Критериуми за распределбата на линиите и доделување на Дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово:

  1. Поседува минимум возила согласно член 17 и член 18 од Одлука за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.14/2026) со минимум ЕУРО 4 еколошки стандард – предност на доделување повисок еко стандард на возило.
  2. Поголем број на поаѓања со што истиот број да биде доволен да одговори на потребите на граѓаните, особено во временски интервали со зголемена фреквенција на сообраќај, термините на поаѓање да бидат на 60 минути. Бројот на поаѓања со кој ќе аплицира секој превозник и ќе биде услов за добивање на дозвола за релацијата на која поднел барање не може да се намалува за време на важење на дозволата, освен во исклучителни ситуации кога за истото ќе постои економска оправданост.

Во возните редови со кои ќе аплицира секој превозник потребно е да бидат опфатени сите автобуски стојалишта наведени во член 14 Одлука за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.14/2026).

За линиите бр.3,4 и 7 бројот на поаѓања потребно е да биде минимум 15.

  1. Има сопствен паркинг простор или договор за користење за времетраење на дозволите за општински линиски превоз на патници.

Начин на евалуација на пристигнати пријави се врши според следната табела:

Критериуми Бодови
  1. Еколошки стандард за возило
40
  1. Број на поаѓања
60
                                                                   Вкупно: 100

Доставените пријави за вршење на општински линиски превоз на патници ќе се оценуваат на следниот начин:

Број Елементи Критериуми за евалуација Вкупно бодови
Еколошки стандард за возило ЕУРО 4 – 30, ЕУРО 5 – 35,

ЕУРО 6 – 40

40
Број на поаѓање  број на понудени поаѓања од превозник што се оценува/највисок број на поаѓања од доставени пријави  x максимален број на бодови

 

60

Вредносен поен за број на поаѓања се утврдува за секоја линија односно секој пакет на линии поединечно.

Цената на вршење на општински линиски превоз на патници е утврдена според Одлука за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.14/2026).

Пријавите за одобрување на возните редови за наведените линии и пакети на линии, ги разгледува комисијата именувана од градоначалникот на Општина Куманово.

Пријавите поднесени по истекот на рокот и пријавите кон кои не се приложени сите докази прошишани со огласот нема да бидат разгледувани и комисијата ќе ги отфрли како неосновани.

Во случај на поднесени две или повеќе понуди со ист број на поени, ќе биде избран понудувачот кој прв поднел пријава по објавениот оглас до архива на Општина Куманово.

За комплетните пријави поднесени во рокот, Комисијата изготвува Извештај со предлог за давање на дозвола за линиите односно пакети на линии кој го доставува до градоначалникот на Општината за вршење на избор.

По извршениот избор од страна на Градоначалникот на Општина Куманово, со избраниот превозник се склучува договор во писмена форма во кој поблиску се утврдуваат постапката и начинот за вршење на дејност од јавен интерес.

Градоначалник на Општина Куманово
Максим Димитриевски

Оглас за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово  (  pdf )

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Соопштение