Во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, денеска свечено беше одбележан големиот државен празник – Ден на Републиката, со пригодна културно – уметничка манифестација.
Во знак на благодарност и почит, делегација од Општина Куманово, предводена од градоначалникот Максим Димитриевски, секретарот Емилија Сларидис Јаневска и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, положи свежо цвеќе пред спомен – обележјето на Меморијалниот центар на АСНОМ.
Пред присутните со пригоден говор се обрати претседателот на Владата на РСМ, Христијан Мицкоски, упатувајќи честитки до македонската нација.
На празничниот настан присуствуваа бројни делегации од високи државни институции, граѓански здруженија и политички партии.