11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

“Бдеење на кокински мугри” – поетска манифестација

“Бдеење на кокински мугри” – поетска манифестација

Поетско читање со културно – уметничка програма во рамки на традиционалната манифестација “Бдеење на кокински мугри”, се одржа денеска, во Занаетчиски дом, во организација на Друштвото на писатели Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината, Фондацијата за култура и спорт Куманово и НУ Музеј – Куманово.
На најуспешните поетски творци им беа доделени награди и признанија, а за сите учесници беа доделени благодарници, на овогодинешното 19 -то меѓународно поетско дружење, кое прераснува во фестивалски литературен настан.
На денешното поетско чествување на изгрејсонцето, на локалитетот мегалитска опсерваторија Кокино, учествуваа 50 поети од земјава и повеќе странски држави, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Унгарија, Луксембург и Полска. Учесниците на денешниот настан ги посетија црквата Св.Ѓорѓија во Старо Нагоричане и уметничката галерија на НУ Музеј – Куманово.
На конкурсот пристигнаа околу 200 песни од поетски творци од Казахстан, Монголија, Чешка, Словачка, Грција, Полска и други земји, кои ја збогатија литературната манифестација.
Во рамки на фестивалот издаден е и Зборник – “Бдеење на кокински мугри”, од страна на кумановското здружение Друштвото на  писатели, со поддршка на Општина Куманово.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email