Денеска во Општина Куманово беше потпишан Меморандум за соработка, склучен врз основа на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година, донесена од страна на Советот на Општина Куманово. Потписници на Меморандумот се градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, директорот на ЈЗУ Општа болница, Сашо Стошевски и началникот на МВР – СВР Куманово, Никица Петрушевски.
Целта на оваа соработка е да се спроведе превентивна кампања за намалување на социо – здравствени ризици (дрога и други психотропни супстанции), наменета за млади лица од средните училишта на територијата на Општина Куманово.
