11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости• Соопштенија

“Премостување на границите – Заедно за утре”- проект

“Премостување на границите – Заедно за утре”- проект

Во рамки на проектот “Премостување на границите – Заедно за утре”(BBTT), денеска во кружната сала на поранешен Комитет, се одржа конференција за реализација на активности, кои се однесуваат на унапредување на социјалните услуги, во пограничниот регион на Р Србија и РС Македонија.
На настанот учествуваа претставници од институциите кои го спроведуваат проектот: од Општина Куманово и Советот на Општината, директорот на ЈОУ Дом за стари лица “Зафир Сајто” – Куманово, Александар Крстевски, проектниот менаџер Игор Стајиќ, директорот на Центарот за развој на локални социјални услуги – Врање, Драган Јањиќ и претседателот Сашо Арсениевски со проектниот администратор Јелена Стаменковиќ од ЗРЦЛИП “Порака наша” – Куманово.
Носител на проектот е Едукативен центар од Лесковац, со финансиска поддршка на Европска Унија, во делот на Програмата за прекугранична соработка Србија – Македонија и инструментот ИПА III.
Целта на проектот е подобрување на животот и социјалната благосостојба на ранливите групи во пограничниот регион, преку подобар пристап до социјални, здравствени и културни услуги.
Реализацијата е започната во јули 2026 година и ќе трае 24 месеци.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email