11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Практична обука за примена на вештачка интелегенција во Куманово

Практична обука за примена на вештачка интелегенција во Куманово

Општина Куманово, во соработка со Women in Tech Macedonia, преку Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР), го спроведува проектот „AI4HerWellbeing“. Денес, во големата сала на поранешен Комитет, се одржа практична обука за примена на вештачка интелигенција, AI писменост и благосостојба, фокусирана на личен развој, зајакнување на капацитетите и подобрување на условите за вработување на учесничките. Обуката ја посетија 70 жени, меѓу кои невработени лица, претставнички од здруженија и организации на граѓани, како и претставнички од основните и средните училишта во Општина Куманово. Целта на обуката е стекнување на основни знаења и практични вештини, за користење на алатки базирани на вештачка интелигенција, со што ќе ги унапредат своите можности за личен и професионален развој.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Кумановско културно лето 2026
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ
СоопштенијаНовости
Кампања за превенција и заштита од пожари