Во организација на Здружението на просветни работници Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината, денеска во Занаетчиски дом, беа прогласени првенци на генерацијата за учебната 2025/26 година. На свечената прослава со пригодна реч присутните ги поздравија градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката на ЗПР Куманово, Анита Димовска, упатувајќи најискрени честитки до најуспешните ученици, со желби за повисоки достигнувања во текот на образовниот процес.
Признанија, монети со позлата и ваучери од име на Општина Куманово, им беа врачени на 32 ученици, од кумановските основни и средни училишта и основните училишта од Општина Старо Нагоричане, а од страна на Здружението на просветни работници, им беа доделени дипломи и плакети. Манифестацијата со музички настап ја збогатија учениците и наставниците од УОМО “Панче Пешев” – Куманово и членовите од Балетското студио УЛТРА, на задоволство на многубројната публика, претставници од општинската администрација и членовите на Советот на Општината, кои ги поделија наградите заедно со градоначалникот.

