Women in Tech Macedonia во соработка со Општина Куманово го спроведува проектот „AI4HerWellbeing“, како серија практични обуки со вкупно времетраење од 4 часа, фокусирани на личен развој, зајакнување и подобрување на благосостојбата.
Отворен повик за учество во „AI4HerWellbeing“ обуките, иницијатива која комбинира вештачка интелигенција и вработливост, наменета за девојки и жени.
Формулар за пријава: https://forms.gle/QtRXnG2xbWHbJpXn6
Програмата комбинира пристапи од гешталт и арт – терапија со практична примена на вештачка интелигенција, со цел учесничките да стекнат корисни алатки, што можат да ги применат во секојдневниот живот и работа.
Целна група: девојки и жени од 22 до 55 години
Локации и термини:
16 јуни 2026, 10:00–14:00 – Општина Куманово во просториите на Поранешен комитети ( кружна сала)
М-р Цветанка Штерјова Бурзевска – лиценциран психолог, гешталт психотерапевт и арт терапевт
М-р Моника Ризовска Таневска – претседател на Women in Tech Macedonia, основач на AI Collective Скопје и CEO на Davleo Consulting
Проектот е кофинансиран од Европската Унија, во рамки на мрежата Младински Хаб на Западен Балкан и Турција, а се реализира во тесна соработка со општините.
