Во организација на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР од Општина Куманово, во кружната сала на поранешен Комитет, се одржа јавна дебата со граѓански организации и фондации, во присуство на секретарот Емилија Сларидис Јаневска и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска.
На денешниот јавен настан беа разменети мислења, предлози и препораки, за унапредување на соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор, кој има значајна улога во развојот на Општина Куманово.
Граѓанските здруженија и организации преку активно учество во креирањето на локалните политики, ги застапуваат интересите на граѓаните и ја поттикнуваат транспарентноста и одговорноста во работењето на инстутуциите. Нивното искуство, експертиза и директна комуникација со граѓаните овозможуваат поквалитетни и поефикасни решенија за локалните предизвици, во повеќе области на општественото живеење. Овој показател беше основа на јавната дебата, од каде произлегоа сугестии и насоки за решавање на повеќе проблеми во интерес на граѓаните.



