Во текот на викендот Отсек за превенција како активен член на Локален совет за превенција во Општина Куманово, спроведе превентивна активност, заедно со Полициско одделение Матејче и ЈП „Национални шуми„- подружница Куманово, на подрачје на селата на Општина Липково,с.Матејче,с.Слупчане,с.Оризаре,с.Липково,Глажња,с.Белановце атар на м.в борови шуми.
Преку разговор со месно население е упатен апел и укажано за совесно и одговорно однесување. Да не се пали отпад, шут, сува трева, стрништа кои се предизвикувачи на пожари со големи размери кои го загрозуваат имотот и животот на населението.
Населението е информирано и за незаконска дива сеча на шуми,пустошење и предизвикување шумски пожари.
Воедно им се делени превентивни едукативни материјали со информации за законски предвидени казни за секое предизвикување на пожар односно, општа опасност.
Во овој периодот Отсек за превенција секојдневно превзема мерки,спроведува кампањи по сите населени места,месни и урбани заедници, заедно со ЈП „Национални шуми„ со цел упатување на апел за совесно и одговорно однесување на граѓаните во период на високите температури кога и најмало невнимание на секој од нас, може да предизвика пожар со големи последици.

