Денес беше пуштен во употреба реконструираниот дел од амбулантата „Тоде Мендол“, во вредност од 5.000.000 денари.Овој простор е наменет за спроведување на училишна вакцинација, обезбедувајќи квалитетни здравствени услуги за сите ученици, од прво одделение до завршување на средното образование.Во рамките на проектот е изграден и паркинг-простор, како и уреден дворот околу амбулантата.Проектите се реализирани со средства од буџетот на Фондот за здравствено осигурување.На свеченото отворање присуствуваа Министер за здравство Азир Алиу, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, претставници на општинската администрација, советници, директори и други гости.

