Се известуваат граѓаните на Општина Куманово за претстојната празнична презентација на материјално технички средства – Тактичко технички збор (ТТЗ), која ќе се одржи на 11.10.2026 година (недела), во период од 10 – 14 часот.
Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со дел од опремата и вооружувањето на Армијата: лесни оклопни возила, STRYKER и JLTV, воено полициска опрема, алпинистичка и нуркачка опрема, современо пешадиско вооружување и друго.
Настанот е во организација на Армијата на РС Македонија, со поддршка на Општина Куманово, во чест на националниот празник – Ден на народното востание на Македонија и ден на борецот.
Поканети се високи функционери од државни институции во земјава и претставници од Генералштабот на Армијата на РС Македонија.