Поради одржување на повеќе културни и спортски настани по повод одбележувањето на 11 Октомври – Ден на народното востание на Македонија, во недела на 11.10.2026 година, во период од 09 -14 часот, ќе бидат затворени повеќе улици во централното градско подрачје на Куманово: дел од улиците „Гоце Делчев“, „11 Октомври“, „Доне Божинов“, „Октомвриска револуција“, „Иво Лола Рибар“, „Трета македонска ударна бригада“ и „Ѓорче Петров“.
Полициските службеници од СВР – Куманово ќе преземат мерки за пренасочување на сообраќајот“, соопшти СВР Куманово.
Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници.