11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Претставничка од Бања Лука во посета на Општина Куманово

Претставничка од Бања Лука во посета на Општина Куманово

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска имаше работна средба со истакната новинарка, водителка, хуманистка и претставничка на општинската администрација на Бања Лука, Адриана Басара, во присуство на директорот на ЈОУ Дом за стари лица “Зафир Сајто” – Куманово, Александар Крстевски.
Гостинката од Бања Лука оствари работна средба и со претставници од Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, во присуство на секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, со цел да се унапредат и имплементираат социјалните услуги во Општина Куманово, преку размена на веќе развиените практики во повеќе општини во регионот.
Денешните средби се во рамки на културниот хепенинг “Спој на генерации”, како дел од проектот “Културно лето” на Центарот за рурален развој “Бујрум”, кој се одржа на 16.10. (петок), во Домот за стари лица, каде преку музиката, литературното и ликовното творештво, се истакна значењето на меѓугенерацискиот дијалог, како основа за солидарна и социјална зедница на возрасни и деца. Настанот ги спои креативноста на учениците и искуството на возрасните, во духот на взаемна почит, внимание и споделени вредности.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email