Во организација на Општина Куманово и Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки Куманово, денеска се одржа трибина во рамки на традиционалната кампања во тек на месец октомври, за рано откривање на рак на дојка, во кружната сала на поранешен Комитет, во Куманово.
На едукативната презентација учествуваа стручни медицински лица, кои упатија апел до женската популација, навременно да реагира и превенира со цел да се спречи, односно лекува болеста.
Настанот привлече големо внимание и заинтересираност, присуствуваа секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, претставници од општинската администрација, претставници од граѓански здруженија и институции од локалната заедница.