11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Прием на боксери – учесници на Меѓународниот боксерски турнир

Прием на боксери – учесници на Меѓународниот боксерски турнир

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски одржа средба со боксерите – учесници на 6 – тиот Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“.

На средбата присуствуваа претседателката на Совет на Општината, претседателот и секретарот на Боксерската федерација на Македонија, делегат – супервизор на боксерскиот турнир и спортскиот директор на турнирот.

Посакувајќи им добредојде на сите учесници, градоначалникот истакна дека Куманово со гордост е домаќин на меѓународниот спортски настан. На боксерите им посака успешни настапи и фер борби во спортски дух.

Спортската традиција продолжува во организација на Боксерски клуб Куманово и Општинскиот сојуз на спортови, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, Министерството за спорт на РСМ и Боксерската федерација на РСМ.

Викендов на турнирот ќе учествуваат боксери од 16 држави, кои ќе ги одмерат своите вештини, покажувајќи посветеност кон боксерската дисциплина. Спортскиот настан придонесува за афирмација на спортот и промоција на Куманово на меѓународната спортска сцена.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Дванаесетта седница на Совет на Општина Куманово