Завршниот тематски годишен концерт на Здружението за модерни и спортски танци “Виртус 018”, се одржа вечерва во Младински културен центар “Козјак” – Куманово.
Пред љубителите на танцовата уметност се претставија околу 100 учесници, со модерни танци, латино – американски и стандардни танци, од две локални студија, Танцовиот спортски клуб ТСК “Динамик” и организаторот на манифестацијата ЗМСТ “Виртус 018”- Куманово.
Танчерите настапија на музика од познати македонски евергрин мелодии, проект поддржан од Општина Куманово, како дел од Програмата за културни манифестации за 2026 година.
