Вработените и раководниот кадар на СОУ “Перо Наков” – Куманово, денеска организираа заедничка прослава во чест на верскиот празник Курбан Бајрам, во спортската сала на училиштето, во поранешната касарна во Бедиње, каде учениците од албанските паралелки посетуваат настава на својот мајчин јазик.
На прославата од име на Општина Куманово присуствуваше помошник раководителот на Секторот за поддршка на Градоначалникот и Советот на Општината, информирање, односи со јавноста и информатичка технологија, Фатос Аќифи, заедно со претставници од администрацијата и членови на Советот на Општината, претставници од образовни и локални институции, граѓански здруженија и организации. Пригодната празнична атмосфера, уште еднаш ги истакна традиционалните културни вредности, хуманоста и сплотеноста меѓу граѓаните, кои меѓусебно се почитуваат и поддржуваат, во градење на достоинствен живот и просперитет во современата мултиетничка заедница.

